Куќа завчера изгоре во селото Добрача во општина Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Завчера во 23:00 часот четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Куманово се упатиле да го локализираат огнот, при што интервенцијата завршила во 01:40 часот по полноќ.
Причинета е материјална штета, велат од РЦУК, чија висина засега е непозната.
фото: архива
Loading...