Пожар пеплоса куќа во Режановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 12.00 часот во селото Режановце, кумановско, од непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на З.М. (55), кој не бил во куќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од пожарот целосно е изгорена дневната соба со инвентарот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот е локализиран. Причините за настанување на пожарот, како и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.