Пожар пеплоса куќа на улицата М. Стојановски

Сподели со своите пријатели

Вкупно 10 пожарникари со две противпожарни возила вчера се бореле со огнени јазици кои зафатиле куќа лоцирана на улицата Др. М. Стојановски број 10, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Случајот околу 06:46 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица Куманово, по што пожарникарите веднаш излегле на терен и интервенирале се до 07:23 часот.

Засега не се познати причините, ниту висината на материјалната штета која настанала од огнот.

фото: архива