Пожар на патот Куманово – Свети Николе предизвика сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Три интервенции се регистрирани во текот на вчерашниот ден од страна на ТППЕ Куманово, јавува Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот извештај.

Loading...

Првата интервенција е регистрирана на ул. Ленинова бр.30 каде бил пријавен опожарен скутер, додека втората интервенција била во село Табановце каде пожарникарите гаснеа сува трева и дабова шума.

Екипата на ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден се упатила и кон селото Павлешенце кое се наоѓа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе за да асистираат на своите колеги од соседната општина откако поради голем пожар на борова шума покрај патот, се случила и сообраќајна незгода.

Имено, поради густиот чад дошло до судир на две возила, од кои едното од Куманово, а второто од Свети Николе при што едно лице било потешко, а две лица полесно повредени.

Во сообраќајната незгода едно од возилата било целосно изгорено, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.