Повторно заседаваше Штабот за заштита и спасување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

На состанокот надлежните од институциите информираа за моменталната состојба со COVID 19, како и за  активностите што треба да се превземат во наредниот период. Посебен акцент се стави на почетокот на учебната година, за состојбата во училиштата и протоколите за спроведување на наставата.

– Досега се набавени средства за дезинфекција и извршена е дезинфекција на училиштата за отпочнување на наставата со физичко присуство на учениците. На дел од училиштата од руралните средини им е обезбеден интернет за непречено одвивање на наставата, информираат од Општина Куманово.

Градоначалникот истакна дека треба да се продолжи со редовно третирање на улиците во градот и делење на пакети на социјално најзагрозени граѓани.

ОШЗС препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерство за здравство и Комисија за заразни болести.

Интегрално соопштение

Leave a Reply