Повторно воспоставен автобускиот превоз во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија вчера беше укината забраната за градски и меѓуградски јавен превоз во Куманово.

Loading...

Веќе од денеска се враќаат дел од автобуските линии. Автобуската станица во Куманово е повторно отворена утринава, но меѓуградскиот превоз засега ќе се одвива редуцирано.

Само во три термини ќе сообраќаат автобусите на „Руле турс“ во текот на денот. Во 07:00, во 12:15 и во 16:05 часот.

Компанијата „Јоцо турс“ од утре ги враќа линиите Куманово – Скопје, како и кон дел од селата во Куманово и Старо Нагоричане. Засега не е познат возниот ред со оглед дека се чекаат насоки за бројот на патниците и линиите.

Никола Ивановски

Leave a Reply