Skip to content

Повторно поскапуваат бензините

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за ново поскапување на цените на горивата.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 38,409 ден/кг.

Leave a Reply

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.