Повторно кривични за поранешното раководство на кумановско „Водостопанство“

Сподели со своите пријатели

Поранешното ракводство на АД Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“, на чело со поранешниот в.д. директор повторно заработи кривична пријава.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „злоупотрена на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(63) и С.Л.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, Ф.Ф., поранешен ВД директор на АД „Водостопанство“ Скопје, подружница Водостопанство – „Кумановско – липковско поле“, С.Ѓ., поранешна раководителка на одржување и С.Л., раководител на сектор за финансии и администрација во истото друштво, во текот на 2015 година, без претходно донесена одлука од Одборот на корисници на вода, спровеле постапка за јавна набавка на резервни делови неопходни за одржување на Хидро-мелиоративен систем во вредност од 20.000 евра, за што Ф.Ф. донел одлука за јавна набавка за која обезбедиле средства во висина од 900.000 денари.

Постапката за јавна набавка ја спровела С.Ѓ., како претседател на комисијата за јавни набавки, иако немала сертификат за водење на јавни набавки.

– Притоа, од избраниот најповолен понудувач во два наврати набавиле резервни делови во вкупен износ од 309.377 денари, кои со испратница биле доставени до Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, а кои воопшто не влегле во магацинот. С.Ѓ., како раководител на одржување на ХМС изготвила две приемници со невистинита содржина дека наводно резервните делови се примени во магацинот, а С.Л. ги прокнижил приемниците и изготвил две испратници со невистинита содржина.

Иако немале вработено магационер, С.Ѓ. во графата внела лажен потпис, односно фалсификувала потпис на еден вработен во двете испратници, дека наводно ги задолжил овие резервни делови. На тој начин го оштетиле Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ во вкупен износ од 309.377 денари.

Leave a Reply