Повторно критики за Фејсбук поради безбедносни пропусти

Сподели со своите пријатели

Иако е скоро иронично нешто што се користи за да се зголеми безбедноста може да се искористи и за инвазија на приватноста, а повеќе и не претставува изненадување што е Фејсбук главен виновник за ова. Најновата, во низата бескрани линии за повреди на приватноста, вклучува злоупотреба на телефонскиот број кој корисникот го пријавил за верификација во два чекори или 2FA. Не само што Фејсбук го користи телефонскиот број за реклами, туку очигледно овозможува корисникот многу лесно да биде пронајден на Фејсбук со помош на тој број.

Loading...

Подесувањето, за кое станува збор, не е нова функција, а токму ова е причината поради која Фејсбук ќе се обиде да ја намали релевантноста на оваа злоупотреба. Малверзацијата досега никој не ја забележал, односно не и била дадена важност во ИТ медиумите, што сугерира на тоа дека Фејсбук се потрпирал нат оа дека опцијата ќе остане неоткриена во подразбирливи подесувања во текот на долгиот период.

Не сите корисници пријавиле телефонски број во Фејсбук сервисот, како своја лична инфромација. Исто така, оние кои тоа го направиле можеби претпоставиле дека информацијата ќе се користи само за верификација и ништо друго.

Но, како што известува TechCrunch, не постои начин тие информации да се направат приватни ако корисникот ги испрати на Фејсбук. Можно е да се избере само тој број да можат да го видат сите, пријатели на пријателите или само пријатели. Меѓутоа, дури и ако сте ја лимитирале видливоста на бројот, секој која го има вашиот број на телефон ќе може да ве пронајде откако ќе го аплоудира својот адресар на Фејсбук.

За жал, изгледа дека Фејсбук во овој момент воопшто не делува загрижено поради ова откритие. Компанијата е цврсто убедена дека е од голема корист тоа што луѓето кои ги познавате можат да ве пронајдат на социјалната мрежа, дури и доколку тоа значи дека тоа можат да го сторат и луѓето кои не ги познавате.

Leave a Reply