Повремени врнежи од дожд, силен ветер и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

И денес ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидаѕ поинтензивни, особено во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура, па на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Во Куманово во текот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ветар до 30 километри на час претежно од северен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе забележи значителен пад и тоа на 7 степени, додека минималната во текот на ноќта ќе биде спуштена 1 степен под нулата. Жолто преупредување за ветер е издадено од страна на Националниот хидрометеоролошки завод.

Во петок ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег. Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.