Повредата не Нејмар не е сериозна, ќе биде подготвен за Реал

Сподели со своите пријатели

Неизвесност и исчекување завладеа во таборот на Пари Сен Жермен синоќа на дуелот со Олимпик Марсеј (3:0), откако во финишот на мечот нивната прва ѕвезда Нејмар на носилки беше изнесен од теренот.

Бразилецот незгодно стапна и го повреди глуждот, но по се изгледа не се работи за сериозна повреда, па се очекува тој да биде подготвен за дуелот од ЛШ со Реал Мадрид.

– Нејмар ќе може да им помогне на своите соиграчи, соопшти тренерот Унаи Емери и ги охрабри навивачите на ПСЖ.

Loading...

Во исто време, капитенот на „светците“ Тиаго Силва вели дека неговиот сонародник од бразилскиот национален тим нема да биде подготвен за полуфиналниот натпревар од Лига купот на Франција в среда против Марсеј.

– Нејмар има отечен зглоб и не верувам дека ќе игра во среда, рече Силва.

Leave a Reply