Повозрасна кумановка измамена при продажба на огревно дрво

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишна кумановка е последната жртва во измамите за огревно дрво. Лице вчера и понудило да ѝ продаде дрва за огрев, таа дала 5.000 денари, но останале и без пари и без дрва.

Loading...

– На 27.01.2022 во 10.30 часoт во СВР Куманово 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, откако лицето ѝ понудило огревно дрво и таа му ги платила парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски