Повеќе политички партии ќе ги бојкотираат изборите

Сподели со своите пријатели

Поголем број политички партии одлучија да не изнезат на изборите закажани на 5-ти јуни. Како причина за ваквата одлука велат дека нема целосно целосно прочистен избирачки список и реофрми во медиумите. Засега, за А1он бојкот на изборите потврдија Демократскиот сојуз, Унитети, Достоинство, ДОМ, како и коалициониот партнер на СДСМ, ЛДП.

Опозицијата е подготвена за избори, но не одиме на избори кои повторно ќе бидат организирани на криминален начин. Или слободни и фер избори, или власта нека си организира сама местења и лажирања. Нека си владеат сами, со што формално ќе станеме како Северна Кореја – рече за А1он лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

Според Павле Трајанов, без прочистен избирачки список и реформи во медиумите, Демократскиот сојуз нема намера да излезе на избори.

Ние уште на конгресот решивме да не излеземе на избори. Мора да се прочисти Избирачкиот список и да има реформи во јавните гласила. Нема да се солидализираме со злоупотребата на гласови, рече лидерот на Унитети – Гзим Острени.

Информацијата дека нема да учествуваат на избори ја потврди и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Претседателката на ДОМ, Лиле Поповска, за А1он вели дека партијата не планира да учествува на изборите без прочистување на Избирачкиот список и без реформи во медиумите. Таа вели дека ДИК се уште не си ја завршил својата работа.