Повеќе не примаат нарачки: Резервирани 1,5 милиони возила, а производството сѐ уште не е започнато

Сподели со своите пријатели

Тесла престана да прима нарачки од Европа и Кина за електричниот камион Cybertruck.

Loading...

Кога Cybertruck беше претставен кон крајот на 2019 година, само во текот на првата недела биле направени 250.000 резервации. Побарувачката за возилото не запрела ниту следната година, па во јуни 2020 година бројката се искачи на 650.000.

Како што пишува Electrek, во мај 2021 година, бројот на резервации надмина еден милион, а денес достигна речиси 1,5 милиони, иако Тесла официјално не го потврди тоа.

На тој начин американската компанија има доволно нарачани возила за првите три години од производството, а извршниот директор Илон Маск изјави дека Тесла ќе престане да прима нарачки од Европа и Кина.

 

 

Cybertruck ќе произведува во новата Gigafabrica на Тесла во Остин, Тексас, а книгата за нарачки ќе продолжи да биде отворена за северноамериканските клиенти.

Loading...

Cybertruck беше претставен во 2019 година, но по бројни одложувања, беше одлучено производството да не започне до 2023 година. Европските купувачи обично ги добиваат своите возила многу подоцна од северноамериканските купувачи, бидејќи матичната земја обично е прва што добива испораки.

Дополнително, проблемите со хомологацијата поради специфичниот дизајн на моделот Cybertruck ќе влијаат и на поместувањето на датумот на испорака за европскиот пазар.

Маск претходно изјави дека за Европа може да се направи помала верзија на камионот со малку поинаков дизајн.