Повеќе делови од градот без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации низ Куманово денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 10:30 до 14:30 часот прекини ќе има на дел од улиците: „Васко Карангелевски“, „Симо Погачаревиќ“, „Доктор Рибар“, „Ангел Дуцо“, „Тоде Мендол“, „Сречко Пужаљка“, „Лесковачка“, како и селата Проевце и Тромеѓа.