ПОТВРДЕНО: Работното време пред 10 часот е тортура

Сподели со своите пријатели

Пол Кели, научник од Оксфорд, го сврте вниманието на јавноста на проблемот кој влијае на поголемиот дел од луѓето. Овој психолог ја испитвал модерната тортура кога станува збор за работниот живот.

Loading...

Дошол до откритие дека будењето и работно време пред 10 наутро се еден од најчестите проблеми.

Тој објаснил дека секој има свој телесен часовник кој веќе е „програмиран“ и не може да се промени. Значи, ако се присилуваме секојдневно да се будиме пред нашиоте органи и мозокот да бидат подготвени на тоа, тогаш се бориме со природниот часовник и тоа може да има доста лоши ефекти на нашето здравје.

Научникот тврди дека недостатокот на спиење е глобален проблем и дека на него треба да се укаже пред да стане сериозна опасност врз здравјето.

Објаснува дека будењето пред 10 часот може да предизвика пореметување на сонот и така да доведе до емотивен и телесен стрес.

Својата теорија ја тестирал и во едно британско училиште каде почетокот на часовите бил поместен од 08:30 на 10:00 часот. По одредено време во оваа училиште е поправено приуството на учениците на часовите како и нивната продуктивност, а тоа се одразило и на нивните оценки.

Британскиот научник заклучува дека кога би можеле да го слушаме телесниот часовник и да се будиме природно тогаш би биле многу попродуктивни.

Leave a Reply