Потврдено право на глас до сега имаат 1,5 милиони гласачи

Сподели со своите пријатели

Околу 1,5 милиони гласачи во земјава засега имаат потврдено право на глас, во текот на вкрстената проверка на базите на податоци која ја спроведе Државната изборна комисија.

За 330.000 гласачи и адреси кои се покажаа како непостојани, во наредниот период ќе има теренска или административна проверка. Од ДИК појаснуваат дека за записите што не се потврдени во текот на вкрстената проверка постои одреден степен на сомневање, како, на пример, по основ на повеќе станари на една адреса или издавање државјанство или лична карта.

Анкетарите од Државната изборна комисија од денеска почнуваат со теренска проверка на 89.383 записи во избирачкиот список, а на трети идниот месец овие проверки треба да се готови.

Граѓаните кои се на привремена работа во странство ќе може да гласаат, така што ќе треба да се пријават или во амбасадите и конзуларните претставништва, или да се стават на посебен избирачки список тука во Македонија.

ДИК ќе ги брише податоците по три основи: по барање на граѓани, на барање на политички партии и по службена должност, преку управна постапка.