Потресна приказна за 82 вдовици од косовските села Долна и Горна Круша (видео)

Сподели со своите пријатели

Во документарната серија на Ал Џезира, снимена во селата Долна и Горна Круша во Косово е прикажан животот на 82 вдовици кои по масакрот во 1999 година, останале без своите сопрузи и машки деца.

Loading...

Селата Долна и Горна Круша, на 25 март 1999 година, биле нападнати од безбедносните сили на Србија, каде бил извршен масакар над 105 Албанци, мажи и машки деца постари од 12 години.

Откако биле информирани дека српските сили ќе извршат напад над селата, жителите се засолниле во околната шума, од каде ја набљудувале српската полиција која системски вршела палење на целото село, раскажуваат жените за Ал Џезаира.

На 26 март 1999 година, српската полиција го пронашла локалното население во шумата, од каде наредила жените и малите деца да заминат кон Албанија, а мажите и момчињата биле оставени и спроведени во ненаселена куќа, каде биле егзекутирани.

По неколкучасовна стрелба, полицијата наредила телата на убиените да бидат запалени.

Масакрот во овие косовски села кои се наоѓаат близу Раховица во југозападниот дел на Косово е познат како Масакар во Круша.

Ал Џезира во својот документарец подоцна го прикажува животот на жените вдовици кои одлучиле повеќе никогаш да не се омажат, и да ги пораснат своите деца кои на рани години останале сираци без татко.

Во 45 -минутниот документарец, прикажана е и локална наставничка Марте Прекпалај која оформила  НВО за изградба на селото и грижа за жените – вдовици. Гани Зулфију, еден од селаните кој успеал да остане жив по масакрот, за Ал Џезира раскажува дека српската полиција, на 26 март, извршила масакр над момчиња стари едвај 12 години.

Loading...

Вдовиците од селата Круша, денес и овде, обединети во разни невладини организации, сами се грижат за сите домашни работи, но и сами произведуваат органска храна која се нуди на продажба, како би обезбедиле средства за своите деца.

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.