ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Ме испрска со киселина и ми се смееше додека ми гореше лицето (фото)

Сподели со своите пријатели

Австралијанката со српско потекло Дана Вулин од Перт, која љубоморна жена и расипа солна киселина во лицето, а потоа жива ја запали, наскоро издава книга во која опишува низ што минала изминатите пет години.

Во книгата Вулин детално опишува над 200 операции и стравот кој го преживувала откако Натали Димитровска во февруари 2012 година брутално ја нападнала за да и се совети што на една забава таа разговарала со нејзиниот маж, пишува „Дејли мејл“.

 

Loading...

 

Дана на вечерата одмарала дома кога дошла Димитровска во друштво на пријателот Даниел. Димитровска барала Вулин да и каже каде и е сопругот иако тие на никој начин не биле поврзани. Избезумена од љубомора земала флаша и ја ја посипала со киселина.

Мафташе со раката, а потоа замавна со хемијалијата и ми ја истури врз лицето,рацете, прстите, секаде над половината. Во секунда ме зафати и огин и се беше во пламен – рамото, стомакот, градите. Огнот се прошири и на главата, косата ми се распламти во секунда, а додека дофатим нешто да ги симнам хемикалиите кои ми го гризеа лицето, рацете веќе ми гореа – напишала Дана во книгата „Worth Fighting For“.

https://www.instagram.com/p/BTpXGH0Dlyy/

Вели дека инстиктивно се фрлила на подот и започнала да се превртува, но така само го проширила огнот и на подрачјето на целото тело.

Болката беше неподнослива, но низ врескањето слушнав дека Натали и Даниел бегаат и се смеат. Се смееа додека горев жива. Кога успеав да станам, огнот беше се полош, не можев ниту да размислувам од силината на болката. Во паника се наведнав над лавабото и се обидов да го изгаснам огнот посипувајќи се со вода – вели Вулин.

Дана продолжила да вреска и да повикува помош, а нејзиното куче во агонија исто така барало помош. Бев свесна дека итно ми треба помош, инаку нема да преживеам.

Додека се обидував да стигнам до влезните врата, чувствував како кожата ми паѓа од прстите. Успеав да ги отворам и да дојдам до станот на соседот. Тропав и викав пред вратата – напишала во кингата.

Брат и ја полил со киселина и ја унакажал, но еден телефонски повик животот и го претворил во бајка (видео)

На крајот нејзините крици ги слушнал случаен минувач кој вежбал во блиската теретана. Дана денес вели дека Денис Ериксон и го спасил животот. останал со неа додека не пристигнала итната помош. Во болница првите два дена била во вештачка кома поради санирање на тешките рани.

Натали Димитровска потоа е осудена на 17 години затвор, а Дана минала низ медицински зафати кои целосн и го промениле животот. Две третини од телото и биле унакажани со изгореници од трет стешен и 2,3 години носела маска за лице, која и помагала во заздравување на раните. Година и пол минала во болница, а кожата на прстите комплетно и била заменета три пати.

Никој не верувал дека вакво физичко заздравување воопшто е можно. Се чувствувам како да сум освоила злато на Олимпијада. Ова беше тешко патување од пет и пол години – вели Дана за „Дејли мејл“ која сама себе се нарекла „модерен Франкенштајн“.

Потресна исповед на водителката на која момчето и истури киселина на лицето

 

Нејзината книга во продажба ќе се најде од 28 август.

Вака Дана изгледа денес.

https://www.instagram.com/p/BYIZI16HEfU/

Loading...