Потпишете се на петицијатa за признавање на македонските возачки дозволи во Германија

Сподели со своите пријатели

Македонските иселеници во Германија и оние кои таму се на привремена работа или престој се соочуваат со проблем поврзан со возачките дозволи, бидејќи германските власти не им ги признаваат македонските документи.

Затоа тие апелираат да се потпишете на онлајн петицијата тука, а доколку не ви е јасно како да ги потполните сите полиња, тие имаат изработено и видео упатство кое можете да го погледнете под текстов.

Рокот е продолжен со цел да се постигне потребниот број потписи, а тоа освен онлајн можете да го сторите и со користење на писмени формулари.

Loading...