Потопло време за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максимална температура од 25 до 33 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно.

Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.

Leave a Reply