Постудено со врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта и изутринава беше претежно облачно, во западните и јужните делови со локален дожд, а на повисоките места и на планините со снег.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот ќе имаме променливо облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од
јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до
10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно и студено време. Ќ ува слаб источен ветер, со максимална дневна температура од 8 степени.

И утре ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и  на некои повисоки места.

Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно оддожд ќе има во вторник.

Leave a Reply