Постојат два типа на жени: Еве што открива за вас начинот на кој што го закопчувате градникот

Сподели со своите пријатели

Иако мислите дека начинот на кој што го закопчувате градникот е само навика и не значи апсолутно ништо, стручњаците не би се согласиле со вас.

Пети Вуд, стручњак за човеково однесување и говор на телото, која што предава на Универзитетот во Атланта, открива што всушност говори начинот на закопчувањето на градникот за вас.

– Се што правите, и начинот на кој што ги правите некои одредени нешта и ги извршувате вашите обврски, отркиваат многу за вас – вели таа.

Пети во текот на својата студија за човековото однесување дошла до заклучок дека дури и начинот на кој што жените ја облекуваат својата долна облека може да ви каже многу за нивната личност.

– Жените кои што го закопчуваат градникот на грбот се почесто покорни, верни, одговорни и се држат до традицијата. Тие добро размислуваат пред да преземат било каква иницијатива. Тие исто така се пријатни, умеат да сослушаат и да пружат „рамо за плачење’“ – објаснува Пети.

Од друга страна пак  жените кои што најпрво го закопчуваат градникот напред, а потоа го вртат кон грбот, се влијателни и доминантни.

– Овие жени се исклучително харизматични и обожуваат да бидат во центарот на вниманието. Ги привлекуваат посветлите бои и детали. Имаат одлична смисла за хумор, но и маана за брзо да им здосадуваат нештата, објаснува таа.

Исто така, овој тип на жени кои што најпрво го закопчуваат градникот напред, имаат голема потреба да бидат во право, секогаш, и да бидат прашани буквално за се.