Постои ли љубов на прв поглед според научниците?

Сподели со своите пријатели

Психолозите од Универзитетот Гронинген во Холандија истражувале феномен кој најчесто се поврзува со романтичните комедии.

Loading...

Разочарувачка вест за сите романтични души е заклучокот на научниците дека она што луѓето го сметаат за љубов на прв поглед е само силна физичка привлечност.

Истражувањето спроведено на 396 учесници, од кои 60% претежно хетеросексуални жени, а голем дел холандски и германски студенти.

На учесницит епреку онлајн анкета им биле поставувани прашања во врска со нивната моментална љубовна врска (доколку ја имаат), а потоа им биле прикажувани фотографии од странци чија привлечност учесниците ја оценувале. Испитаниците имале задача да ги истакнат сите чувства на љубов, вклучувајќи интимност, страст, посветеност и ерос, кои биле мерени со изјави како што се „чувствувам дека сме судени „еден за друг“.

Исто така одговарале на прашањето дали некогаш почувствувале љубов на прв поглед.

Потоа биле спроведени понатамошни истражувања, кои вклучувале кратко запознавање, каде учесниците минувале 20 или 90 минути запознавајќи ги едни другите.

Научниците потоа повторно поставувале прашања во врска со нивните потенцијални парови.

Земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, 32 учесници од кои поголемиот дел мажи, одговориле дека 49 пати почувствувале љубов на прв поглед. Меѓутоа, се работи за силна физичка привлечност, со оглед на тоа дека скалата на привлечност се состоела од пет степени, а девет одговори се преклопувале.

Loading...

Тоа не бил случај со кратките запознавања, каде немало обострано признавање љубов на прв поглед.

– Нашите резултати покажаа дека љубовта на прв поглед на реален состанок не наликува на страствена љубов, ниту љубов воопшто, истакнуваат научниците.

Leave a Reply