Поставени три нови контејнери во бегалскиот камп на Табановце

Сподели со своите пријатели

Три нови контејнери вчера биле поставени во бегалскиот камп на Табановце, информираат од Министерството за труд и социјална политика, а истите веднаш се поврзани со електрична енергија.

Од министерството исто така информираат дека две лица од Либија побарале азил во Република Македонија, при што истите се пренесени во Центарот за бегалци во скопската населба Визбегово. Татко со малолетник дојдени од Визбегово дошле во кампот но поради некомплетна документација истите се вратени назад во Визбегово.

Loading...

Исто така додаваат дека е извршена целосна дезинфекција на кампот од страна на Центарот за јавно здравје Куманово, а извршено е редовно неколкукратно чистење на септичката јама.

Исто така од голем број на невладини организации биле поделени храна и пијалоци во пресрет на новогодишните празници.