Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ постави полуподзмени контејнери на десетина локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието.
-Овој пат за разлика од претходно, почнавме со поставување на полуподземни контејнери во неколку населби во градот. Очекуваме граѓаните совесно да се однесуваат и да депонираат соодветен смет без да одлагаат запаливи материи, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.
Досега во Куманово поставени се над 60-тина полуподземни контејнери. Полуподземните контејнери одат во пат и имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж.
Овие садови за смет имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери.
МИА