Последен ден од Рамазанските пости – утре се слави Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Со ифтарската вечера, вечерва завршува триесетдневниот рамазански пост, по што следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

Loading...

Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.

Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи им го честиташе на муслиманските верници празникот Рамазан Бајрам, повикувајќи на сомилост кон сиромашните, блискост и единство.

– Со се срце да му се заблагодариме на нашиот Господар, кој уште еднаш ни овозможи да се доживеат убавините, чудата и сите добрини на благословениот месец на Рамазан. Денес, со езанот на акшам намаз го завршуваме постот. Утре, на лицата на сите верници, секаде во светот природно ќе експлодира радост, бидејќи го имаме Фитр Бајрам. Драги верници, по намазот на Фитр Бајрам, сите ние по нашите домови, да искажаме радости кон членовите на семејството кон најблиските и најсаканите. Споделете ја вашата богата трпеза со оние кои немаат, со вашите соседи, и изразите милост, блискост и единство. Браќа и сестри, Го молам Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на месец Рамазан, вели во пораката реисот на ИВЗ Реџепи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.