После 67 години брак: Брачен пар починал држејќи се за рака

Сподели со своите пријатели

Флојд и Вајолет Хартвиг починаа во својот дом во одделни кревети, кои нивните деца морале да ги зближат за брачната двојка да може да се држи  за раце во нивните последни мигови.

Loading...

На 11-ти февруари, 90 – годишниот Флојд почина прв, додека се уште ја држел сопругата за рака. 89-годишната Вајолет починала пет часа подоцна, а нивното семејство било покрај нив.

Вајолет неколку години боледувала од деменција, па Флојд се грижел за неа. Но, во јануари оваа година му откажале бубрезите, а докторите му кажале дека му остануваат уште две недели живот.

„Тие имаат посебна врска, која мислам дека сѐ повеќе се зголемуваше, особено во последните месеци од нивниот живот“, вели нивната ќерка Дона Шартон.

Флојд продолжи да се грижи за сопругата, иако неговото здравје нагло се влоши.

„Татко ми едвај можеше да оди“, вели Шартон, „а сепак главна грижа му беше мајка ми“.

Loading...

Парот се познавал уште од основно училиште, а врската ја започнале за време на Втората светска војна на една забава во Фресно, Калифорнија, додека Флојд бил во војска.

По забавата, Флојд се вратил на Пацификот, а вљубените си размениле повеќе од сто писма во периодот од 1946 до 1948 година.

Тие се венчале на 16-ти август 1947 година, пред Флојд да ја напушти војската.

Тие имаат три деца – Дона, Керол и Кенет и поседувале фарма во Истон, Калифорнија каде што гордо работеле заедно. Нивниот брак траел 67 години.

 


Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.