Поскапува такси превозот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поскапува такси превозот во Куманово. По барање на Здружението на такси превозници од градот, Советот на денешното продолжение на 18та седница донесе одлука за зголемување на стартната цена од 50 на 60 денари за два изминати километри. Потоа за секој изминат километар на патниците ќе им бидат пресемати по 30 денари.

Loading...

Како што објасни претседатлката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, напревен е компромис со оглед на тоа дека била побарана цена од 70 денари.

– Долги години, 7-8 години мислам, непроменетата цена едноставно не им овозможува економски одржливи услуги зауспешен такси превоз во Општина Куманово. Имаме потполно разбирање за нивните барања и го разбираме нивниоит бизнис профит интерес и нивните укажувања дека во меѓувреме неколку пати се покачила цената на чинењето на горивата кои ги трошат, зголемени се и другите давачки, фискални апарати и другите норми кои мора да ги исполнат како правни субјекти кога обавуваат стопанска дејност. Од друга страна сметаме дека во услови на намелена економска моќ на нашите граѓани, во услови кога сите се залагаме за зголемена еколошка свест на учесниците во сообраќајот, на граѓаните и на истиот ден кога донесуваме вонредни мерки со кои ќе придонесеме за намалување на процесот на загадувањето, дека е некореткно и неконзистентно во толкав процент да ја зголемиме цената кои тие ја бараат, првобитно бараа да биде заштитната цена 70 денари, а цената на чинење на еден километар да се зголеми од 25 на 30 денари и сметаме дека Советот заеднички донесе на прв поглед компромисна, но во суштина реална одлука, изјави Мургашанска.

Цената од 60 денари според Мургашанска е реална, а како што додава оваа одлука ќе ја зголеми цената на кусите релации.

– На тој начин да ги стимулираме нашите граѓани, сепак таксито да не го користат за ептен куси релации и на тој начин придонесуваат во загадувањето, не се предвидува за возење од 50 метри, треба и малку во духот на мерките за екологија, намалување на загадувањето, да го стимулираме пешачењето, користењето на јавниот превоз, велосипедите, бидејќи сепак такси услугата е луксузна услуга, такси превозот никаде во светот не претставува услуга која ја користат социјалните слоеви, додава претседателкатана Советот.

Цените за лиценците кои такси превозниците мора да ги обезбедат остануваат непроменети.

Loading...

Leave a Reply