Поскапеа јадењата во кантината на Европскиот парламент, вработените незадоволни

Сподели со своите пријатели

Ненајавеното поскапување на оброците во кантината на Европскиот парламент до 25 отсто и тоа во време додека траат годишните одмори, ги налути вработените во оваа европска институција, пишува Политико.

Loading...

За порција помфрит која досега чинела две евра, вработените сега ќе плаќаат 2,5 евра, додека цената на супата од лук скокнала од 80 центи на евро.

Како причина за поскапувањето на цените се наведува белгискиот данок на додадена вредност кој претходно не бил наплатуван, како и поскапувањата од 5ти август поради новите договори со приватни добавувачи.

Она што „додава сол на раната“ се забележително пониските цени во кантините во Европскат акомисија и Совет – институции кои многумина во Парламентот ги сметаат за непотребно фаворизирани во медиумите и јавноста.

Така во четврток порција грав во Комисијата чинела само 63 центи, додека во Парламентот органска супа од била во понудата за 1,30 евра.

Поскапи се и вегетаријанските оброци, па така чили без месо за парламентарците ќе изнесува 7,50 евра, а за вработените во комисијата само 4,95 евра.

Leave a Reply