Португалија: Владата укина ДДВ за 44 производи

Сподели со своите пријатели

Португалската влада планира да ја прекине наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ) за купување на 44 основни прехранбени производи на шест месеци со цел да ја спречи високата инфлација, најави премиерот Антонио Коста.

Loading...

Прекинувањето на наплатата е составен дел од договорот што владата го потпиша со производителите и трговците, а неговата цел е да се стабилизираат цените, рече Коста на почетокот на неделата.

Договорот вклучува и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите во износ од 600 милиони евра.

Владата ќе ја прекине наплатата на ДДВ за леб, тестенини, ориз, млеко, јајца, јогурт, сирење, растително масло, путер, месо и риба на шест месеци, со можност за продолжување, изјави португалскиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Стапката на ДДВ за основните прехранбени производи е шест проценти.

Предлозите мора да бидат усвоени од парламентот, каде владата на Коста има мнозинство.

Инфлацијата во Португалија достигна 8,2 отсто во февруари и е за 0,3 процентни поени пониска отколку во еврозоната. Сепак, цените на храната неодамна се зголемија за повеќе од 20 проценти.

Многу граѓани тешко врзуваат крај со крај поради многу пониските плати отколку во другите западноевропски земји.

Loading...

Коста ја припишува високата инфлација првенствено на руската инвазија на Украина и предупредува дека цените би можеле да пораснат дури и по стапувањето на сила на мерките.

Никој не знае колку долго ќе трае војната, а додека трае, постои опасност од натамошен раст на трошоците за производство“, посочи португалскиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.