Пороен дожд и грмежи во северните и источните делови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат синоптичарите, ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 15 и 25, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во недела ќе биде стабилно, но ветровито со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови, што ќе услови опаѓање на дневната температура.

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.

Leave a Reply