Пораз за КК Куманово на дербито со МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

На вчерашното дерби на 9 -тото коло, во репризата на минатогодишното финале на плеј офот, бранителот на титулата МЗТ Скопје со убедливи 82-68 славеше победа над Куманово.
За шампионот од Аеродром ова е осма победа сезонава во националниот шампионат.

Loading...

По израмнетите воведни 20 минути, следуваше голем пад во играта на гостите и фуриозно второ полувреме на бранителот на титулата за конечен убедлив триумф од 92-68.

Првиот дел МЗТ Скопје го доби минимално со 40:39, но затоа во вториот дел домашните кошаркари беа подобри со 52:39. Најефикасни на дуелот беа Ѓорѓе Дреновац со 23 поени и Немања Протиќ со 20 поени, а екипата на МЗТ Скопје постигна вкупно 12 тројки. Кај Куманово најпрецизен беше Бојан Трајковски со 17 поени.

По девет одиграни кола, Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром се на делба на лидерската позиција на табелата со по осум победи и еден пораз, потоа следуваат Фени Индустри 5-4, Кожув 5-5, Работнички 4-5, Куманово 4-5, Струмица 2-6, Бест 0-9.

Фото: Екипа.мк