Поранешниот сопруг поради одмазда ја испратил својата сопруга во карантин четири пати

Сподели со своите пријатели

Вработен во израелска здравствена установа е осомничен дека ја испратил својата поранешна сопруга во карантин четири пати поради коронавирусот .

Loading...

Полицијата соопшти дека 35-годишниот осомничен испратил четири СМС-пораки со наредба веднаш да бидат испратени на изолација, бидејќи во Израел е практика Министерството за здравство да испраќа пораки до граѓаните за да ги информира за изолацијата.

Жената по секоја добиена СМС порака случајот го пријавила во полиција.

Тој бил уапсен и се соочи со бројни обвинувања, меѓу другото, и за злоупотреба на службената положба.

Подоцна бил ослободен од затвор, но под строги услови.

Leave a Reply