Поранешниот дом на Меган Маркл се продава за 1,8 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Поранешниот дом на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, кој се наоѓа во Лос Анџелес, ставен е на продажба и за него се бараат 1,8 милиони долари.

Loading...

По венчавката со продуцентот Тревор Енгелсон, меган изнајмила неколку различни куќи околу Лос Анџелес, вклучително прекрасна двоетажна колонијална куќа во квартот на парковите Ханкок.

Таа куќа сега е на пазарот за 1,8 милиони долари, има 210 квадрати, четири спални соби, а направена е во 1924 година.

Во куќата постојат дрвени подови, отворена трпезарија и гаража за два автомобили.

Како што пишува на сајтот Homes.com, кујната е добро осветлена, со бели ормари и мермерна работна плоча.

фото: printscreen Luxuryhomeslosangeles.com

Како што пренесуваат медиумите, Меган и Енгелсон оваа куќа ја изнајмиле откако добила улога во серијат „Одела“ кога претежно живеела во Торонто.

Loading...

Меган Маркл моментално живее во Виндзор со сопругот, принцот Хари и нивниот син Арчи, но нејзината мајка Дориа се уште живее во Калифорнија.

Leave a Reply