Поранешен воен разузнувач и офицер во кумановската касарна е пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Откако вчера после 17 часот бил пријавен за исчезнат, денес мртов е пронајден Горан Софески, поранешен воен разузнувач, од неодамна распореден на служба во ЗОК Куманово.

Loading...

Според првичните информации, не се познати причините за тоа како настапила смртта кај Софески кој заминал на спортски лов вчера, по што бил пријавен за исчезнат. По пријавата бил формиран полициски тим, кој заедно со ловџии кои се придружиле во потрагата утринава помеѓу 8 и 9 часот, кога и го нашле безживотното тело.

Во моментов полицијата и истражен судија врши увид.

Според МВР синоќа, околу 17 часот, Софески бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево од страна на неговиот татко.