Поранешен новозеландски војник убиен во Украина

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд денеска потврди дека поранешниот новозеландски војник Кејн Те Таи (38) е убиен во Украина.

Loading...

Те Таи се борел на украинската страна во војната како дел од Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина.

Тој е третиот Новозеланѓанец за кој е познато дека починал во Украина.

За многу Новозеланѓани, Те Таи беше пример за неофицијално учество на земјата во украинската војна.

Тој собра средства за опрема и давал интервјуа во весници пред да замине од Нов Зеланд минатиот мај.

Тој продолжи да ги документира своите пријателства, битки и секојдневие на Инстаграм и Фејсбук, пишува Гардијан.

Снимката што ја објави претходно овој месец го сними моментот кога тој неочекувано се соединува со еден украински пријател кој со месеци го држат како заложници од руските војници и кого Те Таи го препозна кога човекот почна да му вика: „Нов Зеланд! “. „Брате мој!“ му одговори Те Таи во таа прилика.

Го поминал и Авганистан

Во април минатата година, Те Таи најави дека ќе ја напушти работата во градежна компанија и ќе отпатува во Украина „за да помогне колку што може“.

Loading...

Самиот тој е еден од бројните странски борци, кои се проценуваат на неколку илјади, кои отпатуваа во Украина откако Володимир Зеленски апелираше странците да се приклучат на одбраната на Украина.

Најмалку осум Британци, седум Американци и четворица Грузијци се меѓу загинатите во војната.

Те Таи, кој за време на десетгодишната служба во војската на Нов Зеланд помина и низ Авганистан, на социјалните мрежи објави почит за загинатите припадници на Меѓународната легија.

Премиерот ги повика Новозеланѓаните да не патуваат во Украина

Минатиот месец, тој даде интервју за Си-Ен-Ен како дел од приказната за група која обучува нови регрути во близина на градот Вуледар, разурнат од војна.

„Има толку многу емоции во овие борби. Главно затоа што, судејќи според многу од она што го видов, и тие (руските војници) не сакаат да бидат тука“, рече тој тогаш.

Откако ја напуштил војската во 2010 година, Те Таи ко-основал добротворна организација за поддршка на менталното здравје на ветераните.

Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд во вторникот соопшти дека е „свесно за извештаите“ дека таму е убиен Новозеланѓанец, но смртта на Те Таи беше официјално потврдена дури денеска.

Амбасадата на Нов Зеланд во Варшава ќе се обиде да дознае повеќе детали, се вели во соопштението.

Loading...

Премиерот на Нов Зеланд Крис Хипкинс вчера изјави дека војната во Украина е „неправедна“ и дека е „незаконска инвазија“, но ги повика Новозеланѓаните да не патуваат таму.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.