Поранешен директор на „Комуналец“ Крива Паланка заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т.(46) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од СВР Куманово, во периодот од октомври 2012 до октомври 2017 година, пријавениот како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Крива Паланка, без претходно склучени договори, ангажирал физички лица за извршување на активности за наведеното јавно претпријатие, со што го оштетил за околу 12.221.293 денари.

Leave a Reply