Поранешен американски амбасадор: Украина ја премина „црвената линија“, Путин остро ќе одговори

Сподели со своите пријатели

Украина ја премина „црвената линија“ со нападот на областа Курск, а рускиот претседател Владимир Путин ќе дејствува што е можно порешително за да ги протера украинските единици од руска територија, изјави поранешниот американски амбасадор во Москва Џон Саливан.

Loading...

Според него, многумина велат дека во таа грда приказна биле вмешани и САД.

„Русите можеби мислат дека Соединетите Американски Држави биле вклучени во оваа сериозна провокација или терористички напад и дека тоа е еден вид црвена линија што Украинците ја преминале“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Како што рече, не се сомнева дека одговорот на оваа провокација ќе биде остар – најодлучната реакција ја очекува од Путин.

Претходно, заменик-шефот на главната воено-политичка управа на руските вооружени сили, командантот на специјалните сили Ахмат генерал-мајор Апти Алаудинов објави дека украинските сили трпат големи загуби на рутата Курск, како и дека голем број војници се убиваат секој ден.

Да потсетиме, масовниот напад на украинските вооружени сили врз областа Курск започна на 6 август.

Во регионот неколку пати беше прогласена ракетна закана, по што беше воведена федерална вонредна состојба.

Локалното население се евакуира во други региони на Руската Федерација.

Loading...

Началникот на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов на 7 август му пријавил на претседателот Владимир Путин дека руската армија го запрела напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко на руска територија.

Според последните информации на руското Министерство за одбрана, Киев загубил повеќе од 1.600 војници, 32 тенкови и 23 оклопни транспортери од почетокот на борбените операции во правецот Курск, пренесува Спутник.