Поради вестите за корона, Босанец го скрши телевизорот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мирсад Муласмајиќ од Нови Шехер во Босна и Херцеговина е снимен како крши телевизор и притоа го пцуе коронавирусот.

Loading...

Зад неговите постапки стои тешка приказна. Мирсад откри дека се нашол во тешка состојба со семејството поради пандемијата. Нема работа, сопругата е болна и имаат 10-годишен син. Го Телевизорот, вели, го скршил од очај.

 

 

„Го скршив телевизорот затоа што короната ми го отежна животот. Нема дијаспора, така што не можам да заработам добро за време на летото. Јас го сторив тоа од очај и лутина”, изјави тој за Дневни аваз.

„Дојдов во ситуација да немам за леб на детето. Не работам никаде. Немам приход. Жена ми е болна. Заработувам пари копајќи гробови. Грдо е да се каже, но се радувам кога некој ќе ме повика да копам, а сепак човек починал. Денот добро ни почнува ако некоја кокошка ќе положи јајце. Јас одгледувам и корнишони, ги продавам. Сакам да работам, но давам се што ќе заработам за кредит. Не знам како успеваме да преживееме. Немам ни земјоделски машини, барем на тоа да не морам да фрлам пари плаќајќи им на луѓето што ја ораат мојата нива“, рече Мирсад.

Неговиот 10-годишен син Бахир не оди на училиште, но посетува онлајн часови па мора да плаќа за интернет.

Loading...

„Не знам како ќе ја платам сметката за интернет, и морам да ја платам затоа што детето не може да оди на училиште. Има некаков таблет и со него се мачи. Сето тоа е живо страдање, што да кажам. Јас навистина не гледам излез од ситуацијата“, заклучи тој.

 

Leave a Reply