Поради самоубиство на девојче Инстаграм забранува фотографии со самоповредување

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа Инстаграм прифати да забрани фотографии на кои се гледаат акти на самоповредување по приговори поради самоубиство на британско девојче чиј татко рекол дека платформата за споделување фотографии допринела во нејзината одлука да си го одзеде животот.

Loading...

Директорот на Инстаграм Адам мосери рекол дека вчера платформата започнала серија измени на правилата кои се однесуваат на објавената содржина.

– Не сме таму каде што треба да бидеме кога станува збор за самоповредување и самоубиство, и треба да направиме повеќе за заштитата на најранливите во нашата заедница, рекол Мосери.

Повикот Инстаграм да ги промени правилата го поддржа и британската влада, откако семејството на 14-годишнатааа Моли Расел на нејзиниот Инстаграм профил пронашле содржина поврзана со депресија и самоубиство по нејзината смрт во 2017 година.

Leave a Reply