Поради расизам компанијата Тесла треба на плати 130 милиони долари на поранешен работник

Сподели со своите пријатели

Американски федерален судија наредил на компанијата Тесла да плати отштета од повеќе од 130 милиони долари на поранешен афро-американски работник, откако било откриено дека тој бил изложен на расно непријателска работна средина, објави Wallstreat Journal.

Loading...

 

 

Судијата рeкол  дека компанијата не презела разумни чекори, така што Овен Дијаз, договорен работник кој бил вработен како кран -оператор во фабриката Тесла Фремонт во 2015 и 2016 година, не бил расно злоупотребуван.

Во пораката до вработените објавена од Тесла на својата веб -страница се наведува дека судењето се однесува на расни навреди што се случиле во фабрика и расистички графити во тоалетите.

Исто така, било кажано дека, три пати кога Дијаз се жалел на малтретирање, компанијата интервенирала и се погрижила да бидат преземени мерки

 

Loading...

 

„Иако ние силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната што ја изрече судот во Сан Франциско, ние признаваме дека 2015 и 2016 година не беа совршени“, рекле од  компанијата Тесла во изјавата.

Пред почетокот на судењето, судијата претседавач Вијај Орик ги отфрлил обидите на Тесла да го исклучи поротникот од поротата, велејќи дека верува оти обидот бил расно мотивиран и „намерно дискриминаторски“.

Од Тесла рекле дека откако Дијаз работел во фабриката во Фремонт, воведени се промени кои вклучуваат тимови посветени на истражување на жалбите на вработените и обезбедување дека вработените имаат еднакви можности во компанијата.

 

 

Loading...

Минатата година, производителот на автомобили во својот прв извештај за расната разновидност откри дека Афроамериканците сочинуваат четири проценти од водечките позиции на Тесла и десет проценти од работниците.