Поради расистички коментари овој нобеловец остана без титулата

Сподели со своите пријатели

На американскиот нобеловец Џејмс Вотсон, кој ја открил структурата на ДНК, одземени му се почесните титули откако во новиот документарен филм покажал дека не се откажал од расистичките гледишта, објави CNN

Loading...

Вотсон, кој во 50те години од миантиот век заедно со Франсис Крик ја октирл структура на ДНК, рекол во документарецот дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата помеѓу црнците и белците.

Лабораторијата „Колд Спринг Харбур“ која Вотсон ја водел од 1968 до 1993 година, коментарот на својот поранешен, а сега веќе 90-годишен, шеф го нарекува „смртоносен“.

Додава дека изјавите се за секаква осуда и немаат врска со науката.

Вотсон во 2007 година во британскиот магазин „Сандеј тајмс“ рекол дека бил длабокот загрижен за иднината на Африка, затоа што сите социјални политики се темелат на фактот дека нивната интелигенција е како нашата, додека истражувањата покажуваат спротивно.

Познатиот молекуларен биолог додал дека, иако се надевал дека луѓето се еднакви, оние кои вработуваат црнци заклучиле дека тоа не е вистина.

Лабораторијата поради изјавите го лиши од административните должности, но ги задржала и сите досега освоени почесни титули.

И додека Вотсон се извинил за изјавата во 2007 година, во документарецот Американски великани: Декодирањето на Вотсон“ прикажан на 2 јануари, рекол дека не го променил мислењето.

Loading...

Тиа била последна во низата расистички и ксенофобични изјави кои ја имаат одбележано неговата кариера.

Во 1997 година, британскиот „Сандеј телеграф“ пренел негова изјава дека на ќените би требало да им се дозволи да абортираат без оглед на причините, дури и ако фетусот носи ген за хомосексуалност.

На предавање во 2000 година, Вотсон зборувал за тоа дека постои разлика помеѓу телесната тежина и амбициозните луѓе, како и помеѓу бојата на кожата и сексуалната вештина.

– Затоа латиноамериканците се добри љубовници, рекол Вотсон, според АП, кои го цитираат неговото предавање: „Никогаш не сте слушнале за англиски љубовник. Само за англиски пациент“.

Во британскиот документарец од 2003 година, добитникот на Нобеловата наградата за медицината од 1962 година, сугерирал дека глупоста е генетска болест која треба да се лекува, наведува CNN.

Leave a Reply