Поради предолгите уши ова куче влезе во Гинисовата книга на рекорди (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лу, тригодишна кучка од САД и нејзините уши со рекордна должина од речиси 34 сантиметри се меѓу податоците на новата Гинисова книга на рекорди за 2022 година, пишува Daily Mail.

Loading...

Лу не може да ви даде шепа, но може со своето долго уво, а секое „превиткување“ на нејзините уши е долго 34 инчи.

Кучката заврши во трката за рекорд бидејќи нејзиниот сопственик имал повеќе време да се дружи со своето милениче за време на ерата на пандемија и заклучување и открил дека се разликува од другите кучиња од иста раса.

Пејџ Олсен за Гинис изјави дека Лу е посвоена додека била кутре. Таа рече дека тоа било љубов на прв поглед и дека во одлуката да ја посвојат преовладувале „екстремно долгите“ уши.

Должината на ушите на Лу останала незабележана додека Олсен, ветеринарен техничар, не ги измерила во периодот на пандемијата.

Потоа, таа одлучила да аплицира за Гинисовата книга на рекорди.

Олсен рече дека на Лу не ѝ пречат долгите уши во секојдневниот живот и дека не бараат посебно одржување, освен месечна проверка на чистотата.

Таа додаде дека се надева дека победата на Лу ќе ги инспирира љубителите на животни „да ги прифатат спецификите на своите миленици и секогаш да ги сакаат, такви какви што се“.

Loading...