Поради поголеми мускули ризикува да остане парализиран засекогаш (видео)

Сподели со своите пријатели

Поранешен руски војник кој вбризгува масло во рацете за да тие бидат што поголеми, стана познат ширум светот.

Кирил Тересин (21) има раце со обем од 24 инчи, а експертите сметаат дека оваа момче премногу ризикува.

Тој вбризгува масло познато под името синтол, кое предизвикува воспаление и оток. Тој така успеал да го зголеми обемот на рацете за 10 сантиметри за само 10 дена.

Ќе се наежите: Бодибилдер сними како изгледа грчот во ногата (видео)

Loading...

Др. Јуриј Серебрјанскини предупредува дека неговата опсесија би можела да се заврши трагично.

– Би можел да ја изгуби можноста да ги помера рацете. Мускулите би можеле да се претворат во белковина која не би можел да ја користи ниту за подиграње предмети. Момчето може да заврши со инвалидитет, вели лекарот.

Професионалниот паверлифтер Кирил Сичев го дели истото мислење.

– Можете да видите на неговото лице дека сето тоа е нездраво. Тоа е лице на кое му е потребна сложена медицинска помош и тоа не само за да му се исушат рацете и да му се изврши детоксикација на крвта. Нему му е потребна и психијатриска помош, смета спортистот.

Ќе ви се смачи кога ќе видите што овој билдер вбризгува во себе (видео)

Сепак, Тересин вели дека нема намера да престане и се надева дека еден ден ќе го собори бодибилдинг рекордот.

– За да ја достигнете ова величина, потребно е да вбризгате литри синтол во рацете. Јас тоа го правев и добив грозница. Телесната температура ми изнесуваше 40 степени, лежев во креветот, се чувствував како да умирам, но тогаш се добро се заврши вели момчето.

https://www.youtube.com/watch?v=0_Eu11sUWTg

Лекарите сепак предупредуваат дека синтол може да предизвика и емболија на бели дробови, оштетување на нервите, инфекции, склерозантилен погранул, цисти и чиреви во мускулите.

И покрај тоа, некои бодибилдери го користат за зголемување на мускулите, а многу брендови на оваа масло се достапи на интернет. Сепак, вос ветот на бодибилдингот синтол баш поради многубројните негативни ефекти се користи се поретко и тоа во мали количини.

Има 45 години, зависен е од теретана и изгледа како „ѕвер“ (видео)

По Грег Валентин, американски бодибилдер кој го постави светскиот рекорд во големина на раката, всушност благодарение на оваа масло, изгледа дека Кирил Тересин е новата ѕвезда која на многумина ќе им служи з апотсмев поради бизарниот изглед.

Не е лошо да се потсети дека Валентино замалку ја избегна смртта поради инфекција предизвиката од синтол.