Поради одмазда кумановец го запалил автомобилот на поранешен пратеник

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 01:40 часот телефонски во Полициска станица од Општа надлежност Куманово од страна на дежурен вработен во Територијалната против пожарна единица Куманово бил пријавен пожар на патничко моторно возило марка Голф со регистарски таблички Ку-2420-АД сопственост на М.Џ. (42) од Куманово, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија.

Како што информираат од Секторо за внатрешни арботи Куманово, по пријавување на кривичното дело од страна на СВР Куманово се превземени мерки и активности за расчистување на кривичното дело, извршени се оперативни проверки за што е дојдено до сознание дека А.Р. (30) е можен сторител на кривичното дело, при што истиот бил лишен од слобода, обавен бил разговор со него, при што е констатирано дека поради рпетходни расправии со М.Џ. на ден 28.11.2016 година околу 01:30 часот кога на улицата „11 Октомври“ бр.60 во Куманово, го забележал неговото паркирано возило марка „Голф“ со регистарски таблички Ку-2420-АД, поради одмазда решил да го запали при што први со гориво – бензин го испрскал по предниот дел на предната хауба, а потоа со запалка го запалил возилото. Од настанатиот пожар било зафатено и возило марка „Пежо 206“ со регистарски таблички КУ-1520-АЦ сопственост на Е.С. од Куманово, предизвикувајќи притоа значителна опасност по живтото или телото н а луѓето или имотот од поголеми размери, предизвикувајќи материјална штета во износ од 792.000 денари.

Од страна на ТТПЕ Куманово е излезено на лице место и пожарот бил изгаснат.

Во тек е изготвување на кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 од Казнаениот законик на Република Македонија.

фото: архива

Loading...