Поради обврски со ФИБА, првиот тренинг на КК Куманово со нов датум

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” ги информираше своите фанови дека првично закажаниот тренинг на 31 август, се поместува за 16 септември во 19 часот, откако клубот поради обврските со Европскиот шампионат, ќе мора да се посвети на екипирање на тимот.

Loading...

Првиот заеднички тренинг ќе се одржи во Спортската сала во Куманово, кога за првпат ќе може да се видат старите но и новите играчи на КК Куманово кои оваа година најавуваат жестока спортска сезона.

Со почетокот на ФИБА Еврокупот каде кумановскиот тим е во групата Ј заедно со Турк Телеком(Турција), Роса Радом(Полска) и КТП Баскет(Финска) започнува на 28 октомври.