Поради новиот сој на коронавирусот „воскресна“ филм од 1963 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од појавата на коронавирусот пред две години, љубителите на филмот ширум светот укажуваат на достигнувања кои на некој начин „предвидувале“ пандемија.

Loading...

Филмот на Стивен Содерберг „Зараза“ од 2011 година привлече големо внимание во јавноста, а неговата главна тема беше ширењето на вирусот низ планетата.

Кога пред неколку недели се појави најновиот сој на корона вирусот, наречен Омикрон, љубителите на седмата уметност се сетија на две филмски остварувања за кои сигурно ќе се зборува деновиве.

Станува збор за два филма наречени „Омикрон“, а првиот датира од 1963 година.

Станува збор за италијанска научно – фантастична сатира во режија на Хуго Грегорети. Заплетот на филмот следи вонземјанин кој го презема телото на работник во фабрика, се со цел да разбере како функционира нашата раса.

Интересно е што овој филм е вклучен во натпреварувачкиот дел на 24. Филмски фестивал во Венеција, одржан во 1963 година.

Друг филм со името на новиот сој на корона вирусот со истото име е американскиот филм „ TheVisitor from Planet Omicron“, во режија на Мајк Донаху.

Овој филм од 2013 година има како главен лик вонземјанин кој доаѓа на нашата планета со вирус.

Loading...

Сепак, тој останува фасциниран од готвењето на една вдовица во Аризона и наскоро почнува да и помага во нејзината намера да ја собори корумпираната влада.

Оваа комедија не постигна голем успех, делумно поради тоа што буџетот за снимање бил прилично низок.

Оние кои успеале да ги затворат очите пред лошо направените специјални ефекти велат дека филмот сепак е – убав.