Поради необјавување на демант, Димитриевски ќе поднесе тужба за клевета против неколку медиуми

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Совет на Општина Куманово, Максим Димитриевски, на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук, денес најави тужби за интернет портали и медиуми кои во последните денови наводно објавиле натписи во кои Димитриевски е обвинет за искористување на службената положба за вработување на свои роднини, што според него е шпекулација која бара објавување на демант, што не е доследно испочитувано согласно Уставот на РМ.

Loading...

Во обраќањето на својот профил, Димитриевски, нарекувајќи ги некои медиуми како провладини мегафони, тврди дека пласираните информации за вработување на фамилијарни луѓе е шпекулација, при што на негово барање да се објави демант, не добил позитивен одговор, и за таквиот однос, тој најавува тужба до судските инстанци.

Објавата на Димитриевски ја објавуваме интегрално:

Почитувани пријатели, два дена по ред веќе гледам и слушам како провладините мегафони (Нетпрес, Курир, Сител, Алфа, Канал 5…) се обидуваат на еден крајно перфиден начин да ја деградираат мојата чест и достоинство со користење лаги и невистини, клеветејќи ме дека ја имам злоупотребено јавната позиција за да вработам членови на моето потесно семејство.

Им упатив демант и никој ништо не објавува, во оваа креација од држава која што Груевски ја прилагоди единствено за употреба на нему блиските и неговите, и каде Законот за информирање не важи.

Сакам да им напоменам на сите погоре споменати “медиуми”, дека вистината ќе ја барам до крај и ќе се борам за неа, времето веќе покажа кој кого вработил и кој ја креира голема фамилија која што ја однесе Македонија во амбис…

Им се гледа крајот на манипулаците и тоталното замрачување, светлината доаѓа во Април…

Во прилог ви го давам на увид поднесениот демант кој што сеуште не е објавен од нивна страна:

Loading...

Почитувани,

Вчера на 01.10.2015г. на вашиот медиум објавивте вест во кој се повикувате на Нетпрес, под наслов “Роднините на врвот на СДСМ вработени во Општина Куманово” во овој текст покрај останатото наведувате дека јас, Максим Димитриевски ја имам вработено мојата сопруга во ОУ Кочо Рацин Куманово и сестра во ОУ Браќа Миладиновци Куманово и тоа во период како вршам јавна функција Претседател на Совет на Општина Куманово а г-дин Зоран Заев е Претседател на СДСМ.
Во целост ги отфрлам тврдењата и констатирам дека се работи за чисти инсинуации и манипулации во јавноста со единствена цел да ми се нанесе лично омаловажув и дискредитација на мене и останатите споменати во текстот.

Двајцата споменати членови на моето потесно семејство, и тоа мојата сестра е вработена како наставник по математика во 2004- та година, ангажирана од Центарот за вработување како единствен невработен кадар од таа струка во тој момент, додека мојата сопруга е работно ангажирана во струка наставник во предучилишна и оделенска настава од 2003та година. Во овој период кога истите се работно ангажирани, јас не сум вршел јавна функција а г-дин Заев не бил на актуелната политичка позиција.

Барам од Вас веднаш да постапите согласно законот, да го објавите мојот демант и јавно да ми се извините на мене и сите останати споменати на кои што со овој текст фрливте голема навреда и клевета по нивниот личен и морален интегритет.

Во спротивно ќе бидам приморан да поведам законска предвидена постапка за оваа клевета.

Се надевам дека во иднина исто така ќе го почитувате правилото за транспарентност и објективност и при изнесување на секој навод и клевета како во случајов ќе ја исконтактирате и другата страна за која се однесува текстот како би можел како во случајов да изнесам мој став и автентично да ги прикажам состојбите, во спротивно, текстот е целосно тенденциозен со длабоки политички мотиви за дискредитација.

Неодамна, поточно на 1 октомври, новинската агенција НЕТПРЕС, објави наслов под име ”Општина Куманово резервирана за вработување исклучиво на роднини на врвот на СДСМ” во кој Димитриевски беше наведен дека се наоѓа на листата на вработени роднини на највисоките функционери на СДСМ, при што стои наведено дека откако Зоран Заев е претседател на СДСМ, А Максим Димитриевски станал претседател на Советот на општина Куманово, својата сопруга ја има вработено во ОУ „Кочо Рацин“, а неговата сестра во ОУ „Браќа Миладиновци“.