Поради дождот, скопската обиколница отворена за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Во името на продукциската куќа “CHIC FILMS” и  МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, АМСМ ја информира јавноста дека обиколницата околу Скопје, во текот на денешниот ден /10.09.2015/, повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија.

Loading...

Со оглед на временските прилики, АМСМ воедно информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.